Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години настапот на овогодишното издание на Европското првенство Б-Дивизија кое се одржува во Скопје го заврши на осмото место откако загуби во дуелот за седмата позиција од Норвешка со 45-77.
Норвежанките подобро го започнаа натпреварот и рано стигнаа до двоцифрена предност (2-13) која и покрај тоа што беше намалена на 15-19 по 10. минути игра не дозволи надеж за целосен камбек на македонските репрезентативки. Подобрата игра на сандинавките во втората четвртина донесе ново двоцифрено водство на полувремето (26-39), а истото беше задржано и до крајот на средбата.
Предводнички на Македонија со по 8 поени беа Илина Селцова и Теона Поп Стојанова, додека по 7 поени забележаа Наталија Секуловска и Елена Тасевска. Нашите репрезентативки немаа одговор за расположените Кајрин Санфорд и Фатима Мухамед кои со 26 поени и 6 скока, односно 17 поени и 4 асистенции ја предводеше Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА