Норвешка прокоцка плус два за триесет секунди, Фарски острови до голем бод против фаворитот

Ракометарите на Фарски острови ја приредија најголемата сензација досега на Европското првенство во ракомет во Германија, откако ремизираа со големиот фаворит Норвешка 26-26 во меч од 2. коло.

Фараните 50 минути беа во егал со големиот фаворит, а по големите глупости кои што ги направија Норвежаните во последната минута во која прокоцкаа плус два успеаја да стигнат до големи реми од 26-26. Скипаготу и Расмусен со по пет гола беа први имиња кај Фараните, додека кај Норвешка Блонц постигна осум гола.

Фаворитската улога без поголеми проблеми ја оправдаа Данците и Швеѓаните. Данска славеше над нашиот добро познат противник Грција со 40-28, додека Шведска ја прегази Грузија со 42-26.

Се вчитува...