Норвешката репрезентација се израмни со Македонија на второто место на листата на највисоките победи во европските квалификации за пласман на Светско првенство, во историјата.
Норвежаните во актуелните квалификации за СП 2026 славеа против Молдавија со 11-1, што е еднаква победа како и онаа гостинска победа на Македонија против Лихтенштајн од 1996 година.
Највисока победа во квалификации за СП, пак, е онаа на Германија против Кипар од 12-0, во 1969 година.
Македонија и Норвешка се на делба на втората позиција, како Унгарија кој во 1938 година славела против Грција со 11-1 во квалификациите за СП 1938.
На петтото место, како највисока победа, во историјата е онаа на СССР против Финска од 10-0 во 1957 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

