Норвешките фудбалери рутински ја совладаа Летонија со 2-0 во квалификациите за СП. Гостите ги предводеше Ерлинг Халанд, кој во 20-та минута од оправдано досуден пенал беше прецизен. Тоа беше негов деветти гол во националниот дрес.
Конечниот резултат го постави Елијунуси во 66. минута, на асистенција на левиот бек Мелинг. Инаку, ова е трета победа на Норвешка во квалификациите, со десет освоени бода, Летонија остана на четири бода.
Србија очекувано славеше со 4-1 против Луксембург во Белград. Александар Митровиќ ја реши работата со два гола во првото полувреме.
Гостите успеаја да намалат во 77. минута преку Тил, но во 82 минута Шанот со несреќен автогол сепак им дозволи на „орлите“ помирна завршница. Никола Миленковиќ ги постави конечните 4-1 во самиот финиш. Србија сега е на врвот во групата со 10 бода, исто колку и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА