Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026 завршија со убедлива доминација на Норвешка, која го освои првото место на табелата со медали со рекордни 18 златни (претходно Норвешка 16 златни 2022 година), 12 сребрени и 11 бронзени медали – вкупно 41 што исто така е рекорд (претходно Норвешка 2022 вкупно 39 медали). Ова е нов историски рекорд за најмногу златни медали на едни Зимски олимписки игри.
Норвешка го продолжи својот впечатлив низ на врвот, каде што беше прва и во 1924, 1928, 1936, 1948, 1952, 1968, 2002, 2014, 2018 и 2022 година. Ѕвезда на игрите беше Јоханес Хесфлот Клаебо, кој ги освои сите шест златни медали во крос-кантри скијање, поставувајќи нов рекорд за најмногу злата на едни Зимски олимписки игри во историјата (надминувајќи го досегашниот од пет). Со тоа, тој се искачи на рекордни 11 олимписки златни медали во кариерата.
Дополнително, Јенс Офтебро го освои златото во сите три дисциплини во нордиска комбинација. САД завршија втори со 12-12-9 (вкупно 33 медали), додека Холандија е трета со 10-7-3, сите нивни злата дојдоа во брзо лизгање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

