Ракометарките на Норвешка со убедлива победа над еден од кодомаќините на шампионатот Швајцарија од 40-24 ја завршија главната групна фаза на Европското првенство со максимален учинок.
Во меч кој немаше никакво резултатско значење Норвежанките уште од самиот старт прејдоа во водство и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да дојде до поволен резултат. Исаксен и Ховден со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Табеа Шмид постигна седум гола.
Во полуфиналето Норвешка ќе се сретне со домаќинот Унгарија, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Данска и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА