Во крајно неизвесен и израмнет натпревар Норвешка славеше над Холандија со 27-26 во последното коло од групата Ф на Светското првенство во Шведска и Полска.
Холанѓаните неверојатно го стартуваа натпреварот и ја полнеа мрежата на Норвежаните буквално од секоја позиција, а сето тоа доведе „лалињата“ на полувреме да влезат со позитива од четири гола 17-13. Норвежаните заиграа подобро во вториот дел и на десет минути до крајот на мечот предводени од Сандер Сагосен стигнаа и до водство (20-21). „Жилавите Холанѓани“ и покрај се не се предаваа, па натпреварот влезе во неизвесна завршница.
Таму подобро се снајдоа Норвежаните за конечен триумф од 27-26. Сандер Сагосен со седум погодоци повторно беше најдобар поединец во таборот на Норвежаните, додека кај поразените Каи Смитс заврши со седум погодоци.
Србија ќе патува со два бода во следната фаза откако успеа да го декласира Катар со 34-24. Иако почнаа споро, Хрватите не дозволија изненадување против Мароко совладувајќи го со 36-24. До победа стигна и актуелниот светски шампион Данска кој го совлада Тунис со 34-21 и со тоа го прати на мегдан на Македонија во „Президент купот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА