Оле Гунар Солскјер е нов менаџер на Манчестер јунајтед. Оваа вест бомбастично одекна во неговата родна земја, а многу се израдува и норвешката премиерка Ерна Солберг. Таа посвети дури два твита на ангажманот на Норвежанецот Солкјер во англискиот премиерлигаш.
Премиерката во раните утрински часови прво го најави доаѓањето на Сослкјер за нов менаџер на „црвените ѓаволи“, а потоа и официјално ја потврди информацијата, потенцирајќи дека тоа е голем момент за норвешкиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА