Норвешката сензација Лукас Братен е победник на првата велеслаломска трка во Светскиот куп која традиционално се возеше во австрискиот Зелден. 20-годишниот Братен до победата стигна со вкупно време од 2:14.41 минута, што беше за 5 стотинки подобро од второпласираниот Швајцарец Марко Одермат, додека третото место му припадна на вториот швајцарски тенисер Џино Кавицел.
Најдобрите скијачи остануваат во Австрија каде на 13. ноември ќе се вози паралел велелслаломот во Лех. Дамите исто така ќе возат паралелвелеслалом во Лех ден подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА