Норвешкиот скијач Лукас Бротен е победник на велеслаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Алта Бадија.
Норвежанецот до победата стигна со вкупно време што беше за 2:36.35 минути што беше за само два стоти делови од секундата подобро неговиот сонародник Хенрик Кристоферсен. Лидерот во генералниот пласман Швајцарецот, Марко Одермат заврши на третата позиција со десет стотинки заостанување зад победникот.
Најдобрите алпски скијачи во светот утре исто така во Алта Бадија ги чека уште една велеслаломска трка, а до паузата поради католичкиот Божиќ на 22. декември ќе се вози и слалом во Мадона ди Кампиљо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА