Само еден час откако Шкупи го промовираше Џемал Ибиши за ново засилување во нападот, во офанзивата го додаде и норвешкиот интернационалец, Ерик Гронер.
22-годишниот Гронер доаѓа од тимот на Сонгдал од Норвешка, и ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот на чаирскиот тим. Висок е 191 сантиметар, има 73 настапи во норвешкото првенство.
„Потпишав за Шкупи затоа што е клуб со големи амбиции и игра фудбал кој мене многу ми одговара. Кога ја добив понудата, изборот беше лесен. Доаѓам во клуб кој се бори за титулата и за успеси во Европа. Многу добро сум примен од играчите, персоналот, тренерите и претседателот, и многу сум благодарам. Се чувствувам како да доаѓам во тим во кој одамна сум тука. Ова за мене е нешто ноо, нов град, нов јазик, нов клуб на кои ќе треба да се навикнам, но многу уживам. Со нетрпение очекувам да почнам да играм за клубот и да се борам да освојува што повеќе бодови“, рече Гронер на промоцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

