Александер Омот Килде е победник на супервелеслаломската трка која денеска се возеше во италијанската Вал Гардена. Норвежанецот до победата стигна со време од 1:26.29 минута што беше за 12 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец Мауро Кавициел. Подиумот го надополни Кјетил Јансруд од Норвешка кој доцнеше 21 стотинка зад времето на победникот.
Со второто место на денешната трка Мауро Одермат го презеде врвот во генералниот пласман во Светскиот куп, пред Алексис Пантуро од Франција и Филип Зубчиќ од Хрватска.
Утре на програмата во Вал Гардена е вториот овосезонски спуст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА