Норвешка дефинитивно пренесува минимум два бода во следната фаза, откако вечерва Норвежаните си погруваа со Аргентина, и ја совладаа со 11 разлика (32-21). Норвешка ја имаше контролата врз резултатот, и првиот дел го доби со четири разлика, а во вториот дел додадоа уште повеќе „гас“ и славеа на крајот убедливо.
На моменти Норвежаните и атрактивно го „полнеа“ голот на Аргентинците, кои шансата ќе ја бараат против Македонија во вторник. Бартхолд, Сагосен и Род постигнаа по пет гола. Најефикасниот на средбата дојде од Аргентина, станува збор за Симонет кој постигна седум.
За македонската репрезентација најважно, пак, што Аргентинците загубија со 11 гола разлика. По нашиот пораз од Норвешка од 12 гола, сега е веќе сосема јасно дека само победа против Аргентина не носи во главната фаза од натпреварите на Мундијалот во Полска.
Хрватска по поразот од Египет во првото коло на Мундијалот, вечерва убедливо го совладаа составот на САД со 40-22. Хрватите немаа никакви проблеми, а победникот беше решен уште во првиот дел кога имаа предност од дури 10 разлика. Во вториот дел мала опуштеност, па го добија „само“ со осум. Најефикасен беше Игор Карачиќ со осум постигнати голови.
Ракометарите на Данска дојдоа и до вториот триумф на Мундијалот, совладувајќи го лесно составот на Бахраин со 36-21. Данците ја оправдаа улогата на фаворит, а незапирлив во данскиот состав беше Гидсел кој постигна девет гола. Хансен беше скромен со само два гола.
Катар дојде до победата над Алжир со 29-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА