Норвежанката Тереза Јохауг е првата освојувачка на златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако славеше на скијатлон трката во крос-кантри.
Делницата од 15 километри Норвежанката ја помина за време од 44:13.7 минути. Сребрениот медал и припадна на Русинката Наталија Непријаева, додека со бронзата изненадувачки се закити Австријката, Тереза Стадоблер.
За 33 годишната Јохауг ова е прво индивидуално злато на олимписките игри, а само второ откако беше златна и на штафетата 4х5 километри на игрите во Ванкувер 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА