Ракометарките на Норвешка ја совладаа Шведска и направија голем чекор кон пласман во 1/2 финалето на ЕП во жени. Норвежанките благодарение на добрата игра во вториот дел, кога ја направија предноста, победија со 27-25, и така останаа со 100% учинок на досегашниот дел од првенството.
Речиси целото прво полувреме се играше во „егал“, а така и заврши 13-13. Во вториот дел одново гол за гол, Шведска имаше водство на почетокот, а потоа кон средината Норвежанките ја презедоа предноста, и во еден момент имаше и три разлика. На крајот Шведска само намали на еден разлика.
Реиштад со седум голови беше најефикасна кај Норвежанките, а најефикасна кај Шведска, а воедно и на средбата беше Карлсон со девет погодоци.
Норвешка останува уште да игра со Данска и со Словенија, две решавачки битки за пласман во 1/2 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА