Актуелните светски шампионки, ракометарките на Норвешка се пласирале во полуфиналето на Светското првенство откако во 1/4 финалето во Трондхајм го совладаа составот на Холандија со 30-23.
Норвешка во петок во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Данска – Црна Гора кој се игра утре.
Претходно Франција обезбеди пласман во полуфиналето, откако славеше против Чешка со 33-22. Тие, пак, во полуфналето ќе го чекаат подобриот од дуелот Шведска – Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

