Норвежанките со стил во полуфинале

Норвешка без многу проблеми ја оправда фаворитската улога на дуелот против Црна Гора, славејќи во четвртфиналниот дуел со убедливи 32-23. Црногорките со самиот пласма во четвртфиналето остварија добар резултат, се надеваа на чудо вечерва, но експресно стана јасно дека тоа ќе биде невозможна мисија за нив.

Големиот фаворит отвори со 4-0, а десетина минути подоцна Норвешка имаше убедливи 13-5. Предноста од „плус осум“ беше задржана до крајот на полувремето, по што скандинавската селекција рутински ги одработи преостанатите 30 минути, во неколку ситуации имаше и „плус 12“, за на крајот да слави со конечните 32-23.

Реинстад беше најдобра ракометарка на мечот со девет погодоци од 11 обиди, додека искусната Нора Мерк постигна четири погодоци. Најефикасна кај Црна Гора беше Јауковиќ со осум погодоци.

Следен ривал на Норвешка ќе биде победникот од утрешниот дуел меѓу селекциите на Холандија и на Унгарија.

Се вчитува...