Норвич Сити ја обои гостинската соблекувална во розево

Раководството на Норвич Сити донесе необична одлука – соблекувалната за гостинските екипи на „Кроу Роуд“ да ја обои во розево.

Во Норвич ќе се обидат со овој необичен потег да ги исфрлат од такт противниците и тоа уште пред да почнат натпреварите. За силната розева боја велат дека го намалува нивото на тестостерон во организмот и има смирувачки ефект врз луѓето.

Во Норвич кога ги преуредувале соблекувалните за новата сезона во Чемпионшип, посебно внимание посветиле на уредувањето на гостинската соблекувална обоена во розово верувајќи дека розевото ќе ја „убие“ самодовербата кај противниците.

Овој потег на Норвич предизвика големо внимание и различни коментари во фудбалската јавност. Од клубот нема коментар на реакциите за розевата соблекувална која прво се појави на форумот на навивачите на клубот.

Се вчитува...