Носеше маица „јас не земам допинг“, па „жива“ ја фатија во Пјонгчанг

Надежда Сергеева е втората членка на руската олимписка делегација со позитивен допинг тест во Пјонгчанг. Сергеева, која се натпреваруваше во боб-дубл и го освои 12. место на овие ОИ, била позитивна на забранетата супстанца триметазидин на тестот извршен на 18 февруари, иако само пет дена претходно била тестирана и резултатите биле негативни.

Интересно, таа пред почетокот на ЗОИ позираше во маица „Јас не земам допинг, јас сум за спорт“, за неполн месец подоцна Русинката „жива“ да биде фатена на дело во Пјонгчанг.

Сергеева пред две години беше позитивна на мелдониум, но тогаш тврдеше дека забранетата супстанца ја користела со лекарски рецепт за подобрување на работата на срцето.

Нема дилеми дека сега и суспензијата ќе биде уште пожестока, со оглед на фактот дека станува збор за повторување на делото.

Се вчитува...