Мика Нот од Германија и Моника Бартон од Словенија се победници на Европскиот триатлон куп за јуниори и јуниорки, што денеска се одржа во Охрид.
Нот доминираше во машка конкренција, минутајќи ја делницата од пливање (750 метри), возење велосипед (20 километри) и трчање (5 километри) за 56 минути и 49 секунди. Бартон беше најдобра во женска конкуренција, минутајќи ја истата патека за 1:03:32.
Мажи:
1. Мика Нодт (Германија) – 56:49
2. Алесандро де Ангелис (Италија) – 58:37
3. Матео Пери (Италија) – 59:21
Жени:
1. Моника Бартол (Словенија) – 1:03:32
2. Асија Меркатели (Италија) – 1:05:43
3. Тјаса Вртачиќ (Словенија) – 1:06:16
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА