Нотингем 100 години немал полош тренер од Постекоглу

Газдата на Нотингем Форест се реши за ризичен потег со смената на Еспирито Санто, одлука што од сегашна перспектива слободно може да се оцени како апсолутно промашување.

Причина – новиот тренер Анге Постекоглу има катастрофален старт на авантурата со „шумарите“, нешто што на овој клуб му се нема случено цели 100 години. Имено, Постекоглу во првите шест натпревари забележа две реми (со Барнли и Бетис) и дури четири порази (од Арсенал и Сандерленд во Премиер-лигата, од Свонси во лига-купот и од Митјиланд во Лигата на Европа).

Минаа повеќе од 100 години откако еден тренер немаше победа на првите седум меча на чело на Форест, тој неславен рекорд го држи Џон Бајнс, но многу лесно може да се случи ова „црно остварување“ да го повтори токму Постекоглу, доколку викендов не успее да ја прекине сопствената црна серија, и тоа на тешкото гостување во Њукасл.

Се вчитува...