Нотингем Форест добива големо засилување од Јувентус

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест е на добар пат да стигне до трансферот на Даглас Луис со кој бразилскиот фудбалер по едногодишна пауза би се вратил во врвниот фудбал на „Островот“ откако ги договори личните услови со клубот кој во новата сезона ќе настапува во Лига Европа.

Луис покажа неверојатна класа настапувајќи за Астон Вила по што реализираше трансфер во Јувентус вреден 50 милиони евра, но не успеа да се наметне во торинскиот клуб завршувајќи ја сезоната без постигнат гол на 27 одиграни средби во сите конкуренции.

Јувентус сака што поскоро да се ослободи од неговиот договор па е подготвен да прифати сума од 40 милиони евра што ќе донесе само мала загуба.

Се вчитува...