Спортскиот директор на Нотингем Форест, Филипо Џиралди е разрешен од функцијата само шест месеци откако беше назначен на ова место, објави англискиот тим.
Џиралди беше назначен на функцијата во октомври, а тимот направи повеќе од 20 трансфери при нивното враќање во Премиерлигата.
Италијанецот, кој претходно беше главен скаут на Ватфорд, направи уште седум трансфери во зимскиот преоден рок, но резултатите на тимот и натаму не се на завидно ниво. Екипата е во зоната за испаѓање, а нема победа во последните девет натпревари.
Сопственикот на Нотингем, Евангелос Маринакис минатата недела кажа дека нема намера да го менува тренерот Стив Купер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

