Минатото лето Нотингем Форест донесе преку 20 нови имиња, а на уште толку им ја покажа излезната врата. Ова лето не беше толку „гужба“ во овој тим, но на „Сити Граунд“ не е никогаш здодевно.
Нотингем чекаше последен ден од преодниот рок, односно да го продаде Бренан Џонсон во Тотенхем, па тргна во „шопинг“.
Затоа тимот денеска доби три нови имиња: левиот бек Нуњо Таварез, Николас Домингез кој игра во средниот ред, и Калум Хадсон-Одои кој игра на крилната позиција.
Таварез дојде како позајмен играч од Арсенал, Домингез е дел од трампа во кој Ремо Фројлер замина во Болоња, додека Хадсон-Одои дојде со перманентен трансфер за „мизерни“ 3,5 милиони евра фиксно, и 2,5 милиони преку бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

