Даглас Луиз по само една сезона се враќа во Премиер-лигата во Англија. Сегашниот играч на Јувентус ќе биде новото засилување на Нотингем Форест.
Англискиот клуб постигна договор со тимот од Торино за бразилскиот фудбалер од средниот ред за сума од 30 милиони евра. Играчот се очекува да потпише петгодишен договор со „шумарите“.
Луиз дојде во италијанскиот клуб од Астон Вила минатата година за 50 милиони евра. Тој одигра 19 натпревари во Серија А без ниту еден постигнат гол, и не ги оправда очекувањата од раководството на „Бјанконерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

