Нотингем Форест во финишот му приреди „кошмар“ на Вест Хем (ВИДЕО)

Вест Хем продолжува со очајните партии во Премиерлигата, откако на домашен терен вечерва беа поразени од Нотингем Форест со 1-2 во рамките од 21. коло во најсилната лига во Англија. Со тоа тимот од Лондон загуби во директната пресметка за опстанок, и сега заостанува неверојатни седум бодови од својот денешен ривал. Нотингем до победата стигна со пресврт и со гол во финишот.

Автоголот на Мурило му донесе предност на Вест Хем во 13. минута. Потоа „чеканите“ постигнаа гол, кој им беше поништен поради офсајд, и тука тргна се надолу за домашните.

Домингез во 55. минута израмни, а Гибс-Вајт од пенал во 89. минута ги донесе трите бода за гостите, и проблемите за домашните кои мора да регираат во јануарскиот преоден рок ако сакаат да го изборат опстанокот.

Се вчитува...