Нотингем не е Сити, Ливерпул шокиран кај поранешниот европски шампион (ВИДЕО)

Нотингем Форест стигна до сензационална победа против Ливерпул на домашен терен од 1-0 во премиерниот натпревар од 12. рунда во новата сезона во англиската Премиер-лига.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, клучниот момент се случи во 55. минута кога Авонији донесе водство од 1-0 за домаќините кое на крајот се покажа како доволно за втор триумф сезонава за поранешниот двократен европски шампион. На голот на домаќините неверојатен беше поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Дин Хендерсон кој што правеше чуда недозволувајќи му на големиот ривал на неговиот клуб од детството да стигне барем до реми.

Форест со овој триумф го врати Лестер на последното место на првенствената табела, додека Ливерпул останува седми со 16 освоени бода.

 

[deleted by user]
by insoccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...