Фудбалерите на Селта, Нотингем Форест и Болоња се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа. Овие тимови ги одбранија победите од првите натпревари од плејофот и ги оправдаа улогите на фаворити во реваншот, иако на ниту еден од нив не им беше лесно.
Во Виго, Селта одбрани 2-1 од првиот натпревар во Солун против ПАОК и успеа да им одолее на сите напади на грчкиот тим, а потоа и да ги победи со 1-0 и на реваншот, со голот на Сведберг во 63. минута кога ја искористи лошата реакција на противничката одбрана и го постигна единствениот гол на овој натпревар.
На сличен начин, Болоња го елиминираше и норвешкиот Бран, бидејќи по 1-0 на гости, идентично славеше и во Италија. Болоња речиси еден час беше со играч повеќе, а Жоао Марио го запечати пласманот во 56. минута со единствениот гол на стадионот „Ренато Дал’Ара“.
Нотингем Форест одбрани огромни 3-0 од Истанбул на „Градскиот стадион“, но Фенербахче не се предаде така лесно, па славеше во Англија со 1-2.
Во еден момент беше и 0-2 за Фенер, со двата гола на Керем Актуркоглу во 22. и 48. минута од пенал.
Паника се вовлече во редовите на Нотингем, но ја отстрани Хадсон-Одои, кој постигна гол во 68. минута за 1-2 и пласман на Нотингем Форест во осминафиналето од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

