Екипата на Нотингем Форест, се врати од негатива од еден гол во последните шест минути од средбата, и на крајот успеа да слави триумф од 2-1, за „делириум“ на „Сити Граунд“ во Нотингем.
Гостите од Бирмингем имаа предност од 0-1 со голот на Дурен во 63. минута.
Тоа водство им беше до 87. минута кога Миленковиќ успеа да донесе „егал“. Меѓутоа тоа не беше се, па Еланга во третата минута од судиското надополнување му нанесе пораз на гостинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА