Фудбалерите на Нотингем форест се последните патници во четвртфиналето во ФА купот, откако вечерва по изведување на пенали славеа против Ипсвич со 5-4.
Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 во 53. минута преку Хирст. Домашниот тим успеа да се врати во мечот и да израмни на 1-1 преку Јејтс во 68. минута. До крајот мируваа мрежите па натпреварот замина во продолженија.
Во продолженијата мируваа мрежите, па натпреварот замина во последниот чин, пенал рулетот. Таму, во петата серија промаши пенал фудбалерот на гостите Тејлор, по што домашниот тим славеше со 5-4.
Во четвртфиналето од ФА купот тие ќе се сретнат со Брајтон и Хов Албион.
Nottingham Forest vs Ipswich Town – Penalty shootout
byu/smaibaba8 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

