Македонскиот кошаркарски прволигаш и претставник во АБА2 првенството, ТФТ ги засили своите редови со ангажман на нов американски интернационалец. Станува збор за Сардар Калхун кој во Македонија ќе го има првото европско искуство.
Кошаркарот кој ги покрва бековските позиции, а може да игра и на крилната позиција во колеџ кариерата настапуваше и за Флорида Стејт и Тексас Тек, а последниот настап во има на Универзитетот Дрејк каде на 31 одигран натпревар во сезоната 2022/23 бележи просек од 6.7 поени и 2.1 скокови.
ТФТ по 13 одиграни средби во Прва лига е на делба на шесттото место на табелата со скор од седум победи и шест порази, додека во АБА2 лигата има само една победа во седум натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА