ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
И македонската фудбалска репрезентација го почувствува искуството на ВАР одлуките на англиските судии по кои се познати во целиот свет. Никола Серафимов во 6. минута постигна гол за нашата репрезентација кој веднаш поради офсајд беше поништен, по што следеше нов англиски ВАР циркус.
Главниот судија Стјуарт Атвел три минути чекаше информација од неговиот колега од ВАР собата Крис Каванаг дали е Серафимов во недозволена позиција или не, а во пренос ниту еднаш не беше повторена ситуацијата. На крајот тие одлучија да не го признаат голот на нашите фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА