Нов бледа партија на Реал Мадрид, од пенал стигна само до бод против Џирона (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид и дефинитивно е симната од првото место на табелата по третото реми по ред. Избраниците на Чаби Алонсо успеаја да освојат само бод на гостувањето кај Џирона играјќи 1-1.

Уште еднаш „кралевите“ покажаа слабост во завршницата од нападите, не успеаја да дојдат до втор гол, и така ја испуштиај победата, а Џирона можеше на крај и да ги казни гостите.

Избраниците на Алонсо беа шокирани во финишот од првиот дел, кога Оунахи одлично ја заврши прекрасната акција на Џирона, и ја заби топката во горниот лев агол од голот на Куртоа.

Килијан Мбапе во 67. минута успеа да израмни и тоа од пенал. Ударот од белата точка го изнуди Винициус.

До последниот свиреж на судијата, Реал жестоко нападна за да стигне до победа по две кола. Мбапе ја имаше најдобрата шанса на 30 секунди до крајот на мечот, но неговиот удар заврши само сантиметри крај дирекот.

Се вчитува...