Никола Митревски е херојот на Порто на дербито на португалскиот шампионат во кој неговиот тим успеа да слави над Спортинг со резултат 33-30, правејќи огромен чекор напред кон нова шампионска титула.
Спортинг изненади со подобра игра во првото полувреме, на одмор се замина со гостите од Лисабон од 14-17, а на половина од вториот дел Спортинг имаше и огромни „плус пет“. Сепак, тогаш почна шоуто на Митревски, македонскиот голман нанижа неколку извонредни интервенции и го предводеше големиот пресврт на Порто, за триумф на „сино-белите“ со конечни 33-30.
Порто остана со перфектен скор во португалското првенство од 26 победи и ниту еден пораз, Спортинг има само два порази, двата токму од Порто, па на четири кола до крајот на сезоната јасно e дека Митревски е на прагот на освојување на уште еден трофеј во својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА