Нов блесок на Јокиќ за победа на Денвер

Одличната серија на Денвер и Никола Јокиќ продолжува, откако актуелниот првак ја совлада Индијана со 114-109, стигнувајќи до третиот триумф во низа. Одново најзаслужен за победата е одличниот српски кошаркар кој имаше повторно трипл-дабл учинок.

Јокиќ го заврши мечот со 31 поен, 13 скока и 10 асистенции. Особено значајни беа неговите шутеви за три поени во клучните моменти. Србинот го запиша својот 118-ти трипл-дабл во кариерата или 13-ти во оваа сезона. Јокиќ стана и рекордер откако запиша трипл-дабл против 28 од 29 екипи во НБА.

ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс не беше конкурентен во дуелот со градскиот ривал ЛА Клиперс. Колку домашните беа расположени за игра покажува фактот што само тројца од играчите кои добија шанса кај Клиперси, немаа двоцифрен број на поени. Кавај Ленард имаше трипл-дабл со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Резултати:
Индијана – Денвер 109:114
Бруклин – Њујорк 103:108
Њу Орлеанс – Јута 153:124
Оклахома – Портланд 111:109
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 127:116

Се вчитува...