Словенија направи чекор напред во борбата за врвот на својата квалификациска група откако вечерва славеше со убедливи 3-0 над Финска, стигнувајќи до „плус четири бода“ во однос на овој ривал.
Шешко беше херојот во првото полувреме со два гола во рок од нецели десет минути, но новиот голгетер на Лајпциг потоа заработи повреда и мораше да биде заменет. Финците заиграа нешто подобро во второто полувреме, но не искористија неколку одлични шанси, а печат на победата стави Јанза со гол во 92. минута.
Словенија сега има 16 освоени бода, пред Данска со 13 и Казахстан со 12, пред пресметката на овие две селекции вечерва во Копенхаген.
Бугарија продолжи да се бламира во овие квалификации, губејќи на домашен терен од Литванија со 0-2 и останувајќи единствена селекција без триумф во групата. Сирвис со два гола (во 45. и во 55. минута) беше херој на Литванците, а за одбележување е дека Бугарија од 44. минута беше со фудбалер помалку на теренот, по заслуженото исклучување на Краев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

