Мартин Томовски во голем стил ја почна сезоната во дресот на Битигхајм откако македонскиот голман му ја донесе и втората победа на својот тим во втората Бундес-лига. Откако со 20 одбрани беше брилијантен на отворањето на сезоната, Томовски блесна и на денешниот прв домашен меч на кој Битигхајм славеше над Лајпциг со 33-30.
Дуелот беше максимално израмнет, гостите по првото полувреме имаа и минимална предност, но токму македонскиот голман и неговите одлични интервенции донесоа пресврт, па Битигхајм беше тимот што на крајот се радуваше на победата.
Томовски го заврши натпреварот со 11 успешни интервенции и дури 41% успешност, со што повторно беше меѓу најзаслужните за победата, заедно со најдобриот стрелец Џонатан Фишер, кој постигна 10 гола на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

