Фернандо Алонсо на претставувањето на новиот болид на Мекларен најави дека е подготвен и да се бори за титулата доколку добие возило за такво нешто. Сепак, денешните први тестови минаа катастрофално за британскиот тим, откако шпанскиот возач мина само еден круг на патеката, видно нервозен напуштајќи го болидот.
Шпанските медиуми тврдат дека стнаува збор за сериозен проблем на моторот, што го произведува компанијата Хонда. Поточно, проблемот е во системот за гориво во болидот, па на механичарите е да се обидат што поскоро да најдат решение за оваа неочекувана ситуација.
Инаку, Фернандо Алонсо извозе само три круга на денот на промоцијата на новиот болид, а Мекларен вкупно комплетираше седум круга. Во текот на денешниот ден Фетел веќе сврте 16 круга со новиот болид на Ферари, додека Ботас комплетираше 14 круга во болидот на Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА