Македонската младинска кошаркарска репрезентација по претрпе и третиот убедлив пораз во групната фаза од Европското првенство од „А“ дивизија кое се одржува во Полска. По поразите од Шпанија и Турција избраниците на Смилковски загубија со 59-86 од Белгија.
Белгиците се покажаа како поквалитетен тим и покрај тоа што и самите не блескаа уште од самиот старт на натпреварот. Македонија одново потфрли во реализацијата постигнувајќи само четири поени, па имаше двоцифрена негатива по првите десет минути (4-16). „Црвено-жолтите“ до крајот на првото полувреме заиграа подобро во нападот, постигнаа 14 поени, но и тоа не беше доволно за намалување на негативата (18-36).
За разлика од инфериорното отварање на прво полувреме, избраниците на Смилковски одиграа далеку поквалитетно во третата четвртина во која го најдоа ритамот во нападот, но и тоа беше недоволно за намалување на негативата (38-58). Подобрата игра на „црвено-жолтите“ продолжи и до крајот на средбата, но сепак не беше ублажен поразот.
Симиќ со 14 поени и 5 скокови и Бошалевски со 14 поени и 4 скокови беа лидери на Македонија, додека 13 поени и 3 асистенции додаде Јовановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА