Нов дебакл на Партизан во Евролигата

Кошаркарите на српскиот великан Партизан доживеаја нов срам сезонава во Евролигата, откако вечерва на домашен терен беа прегазени од грчки Олимпијакос со убедливи 66-104 во првиот натпревар од 22. коло од елитното натпреварување.

Грците сите дилеми околу победникот ги решија уште во втората четвртина во која постигнаа 32 поени, а на полувреме заминаа со огромна предност од 30-52. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 66-104 на тимот од Пиреја.

Саша Везенков со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Двејн Вашингтон.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...