Нов дебакл на Жељко Обрадовиќ и Партизан во Евролигата

Кошаркарите на Партизан забележаа нов пораз во Евролигата откако вечерва на мечот кој се играше во Софија загубија убедливо од лидерот во елитното натпреварување Хапоел Тел Авив со 97-84.

Израелците во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а Желимир Обрадовиќ во ниту еден момент не можеше да постави квалитетна одбрана со која би можел да ги спречи расположените кошаркари на противничкиот тим.

Колин Малколм со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Стерлинг Браун исто така постигна 17 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...