Нов ден и нов огромен проблем за Наполи: Се повреди и српскиот голман

Актуелниот шампион на Италија, Наполи не може да крене глава од проблеми со повреди. Последен кој се појави на непосакуваната листа е Вања Милинковиќ-Савиќ.

Српскиот голман ќе биде надвор од теренот во следните две до три недели откако му е дијагностицирано истегнување на бицепсот на левата нога.

Искусниот чувар на мрежата нема да биде дел од натпреварите со Челси, Фиорентина, Џенова и Рома, а најверојатно и за средбата со Аталанта.

Се вчитува...