Нов ден, нов гол на Митровиќ – Фулам ја демолираше Астон Вила

Српскиот интернационалец Александар Митровиќ продолжува со одличната форма во Премиерлигата. Откако стрелаше пред пет дена во мечот против Борнмут, денеска повторно ја затресе мрежата, овој пат во победата на својот тим над Астон Вила со 3-0.

Натпреварот го отвори Рид со гол во 36. минута, а пет минути по црвениот картон на Даглас Луиз, Митровиќ од белата точка стрелаше за 2-0 во 68. минута. Конечниот резултат го постави Мингс кој постигна автогол во 83. минута.

Со оваа победа се искачи на 9. место на табелата со 15 освоени бода, додека Астон Вила која не знае за победа во последните четири средби падна на 17. место на табелата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...