Фенербахче успева да ги задржи поголемиот дел од клучните играчи од шампионскиот тим (со исклучок на Богдан Богдановиќ), откако европскиот првак денеска потпиша нов тригодишен договор со Џиџи Датоме. Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец истече на крајот од сезоната, но тренерот Жељко Обрадовиќ не ја криеше желбата да го задржи овој кошаркар во Истанбул.
Разговорите вродија со плод, па така по Слукас и Херсек, Датоме исто така се обврза на долгогодишна верност кон Фенербахче. Европскиот шампион исто така потпиша договор и со капитенот на Галатасарај, Синан Ѓулер, а во завршна фаза се и преговорите со Николо Мели од Бамберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА