Нов договор: Голманот на Англија останува во Евертон

Голманот на Евертон и на англиската репрезентација Џордан Пикфорд останува во Евертон, откако потпиша нов договор со кој се обврза да остане на „Гудисон“ и во следните 4,5 години.

Оваа вест ја споделија од Евертон, а голманот кажа дека му е драго што останува во клубот.

„Голема работа за мене е новиот договор, во овој посебен клуб за мене. Поддршката која ја имав од овој тим, уште кога пристигнав тука на 22 години, беше толку важна и за мене и за моето семејство. Среќен сум тука, како и мојата фамилија. Евертон е огромен клуб. Минатите неколку сезони не беа онака како што се надевавме, но сега имаме менаџер во кој верувам дека ќе не изнесе на вистинскиот пат“, рече Пикфорд.

Тој е стандарден голман на англиската репрезентација, чиј дрес досега го носеше 50 пати.

Се вчитува...