Нов договор: Хамилтон и Мерцедес заедно до 2025 година

Луис Хамилтгон ги отстрани сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор со Мерцедес, со што Ф-1 легендата ќе остане во овој тим до 2025 година, кога најверојатно ќе ја заврши кариерата. Хамилтон во изминатите месеци беше поврзуван со неколку Ф-1 тимови, но на крајот реши да остане во тимот за кој вози повеќе од една деценија.

Заедно со британскиот ас нов договор потпиша и Џорџ Расел, кој исто како и Хамилтон се обврза на соработка до крајот на 2025 година. Мерцедес во последните години сериозно заостанува во брзината на болидот зад Ред Бул, но седумкратниот шампион сепак се надева дека токму со овој тим ќе успее да го нападне осмиот трофеј во кареирата.

„Не е лесно да се стигне до врвот, тоа е процес што се случува низ подолг период на време, со напорна и посветена работа. Мене ми е чест што испишав толку рекорди со овој неверојатен тим, со кој ќе продолжам и во иднина“, изјави Хамилтон по потписот на новиот договор.

Се вчитува...