Златан Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените по тешката повреда, а шведскиот ас наскоро ќе добие нов подарок – нов договор со Манчестер јунајтед. Големиот ас минатото лето потпиша договор на една сезона, но Жозе Мурињо инсистира Ибрахимовиќ да остане дел од „црвените ѓаволи“ и во сезоната 2018/2019.
Желбата на „специјалниот“ е Ибракадабра да остане во тимот и за наредната сезона, со тоа што на Швеѓанецот ќе му биде понудено истовремено да стане и дел од стручниот штаб за почнување на својата тренерска кариера. Златан со тоа би добил уште една шанса за атак на титулата во Премиер-лигата, но и атак на трофејот во Лигата на шампионите, а Ромелу Лукаку би останал со сериозен ривал за место во стартниот тим. Преговорите ќе стартуваат во периодот околу божиќните празници, а лесно може да се случи експресно да биде постигнат договор со оглед на желбата на двете страни за продолжување на сорабтоката.
Иако Мурињо истакнуваше дека е подготвен за формација со Ибрахимовиќ и Лукаку во стартниот тим, постојат сериозни сомнежи дека Јунајтед ќе игра со таква постава на поголемиот дел од натпреварите до крајот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА