Лаутаро Мартинез ќе потпише нов договор со Интер откако ги договорите сите детали со продолжување на соработката со „нероаѕурите“.
Лаутаро беше желба на Тотенхем и Атлетико Мадрид во текот на летово, двата клуба понудија 70 милиони евра за трансферот на аргентинскиот голгетер, но Интер успеа да го убеди да остане на „Џузепе Меаца“ како предводник на нападот во новата сезона.
Новиот договор ќе биде со важност до 2026 година, а Лаутаро Мартинез ќе заработува по шест милиони евра плус бонуси по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА