Нов договор: Капитенот на Црвена Звезда останува до крајот на кариерата на „Маракана“

Црвена Звезда успешно ги финишираше преговорите со Милан Борјан, со што искусниот голман уште долго ќе го брани голот на белградските „црвено-бели“.

Новиот договор е со важност до јули 2026 година, со што српскиот првак се осигура дека Борјан ќе остане на „Маракана“ до својата 39 година, со што практично и ќе ја заврши кариерата како дел од овој клуб.

„Имав многу понуди низ годиниве, но јас отсекогаш сум велел дека сакам да се пензионирам во Црвена Звезда. Тоа е желбата на целото мое семејство бидејќи ова е мојот втор дом“, изјави Борјан, кој настапува за канадската репрезентација.

Се вчитува...