Маурицио Сари, тренерот на Лацио, официјално го обнови договорот со клубот од Рим, соопшти раководството на овој калчолигаш. „Лацијалите“ го освоија петтото место на табелата со 64 бода, што беше оценето како успех и причина за продолжување на соработката со екс-тренерот на Наполи, Јувентус и на Челси.
Италијанскиот стручњак потпиша нов договор со важност до 2025 година, а од истиот ќе инкасира 3,5 милиони евра по сезона.
Сари го презеде Лацио пред почетокот на неодамна завршената сезона во која Лацио заврши на петтото место во Серија А, а како нешто најдобро од него е што успеа да извади максимум од напаѓачот Чиро Имобиле, кој со 27 погодоци беше најдобар стрелец во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА